МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство беше одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран  родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол- оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од на 29.05.2020 година и истиот беше испратен до Јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и истите ги прилагодуваат групите согласно насоките. Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа