Мртов маж со повреди на главата пронајден во својот дом во Климештани

 

Вчера околу 10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во селото Климештани, општина Дебарца, пронајде е починат С.Б.(59) од истото село.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирани се повреди во пределот на главата.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи а по наредба, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција.

СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега