Мртов маж пронајден на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш

Во автомобил на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш бил пронајден мртов маж, информира МВР.

- На 08.10.2020 околу 16:45 часот во СВР Штип било пријавено дека на бензинска пумпа на магистралниот пат Штип-Радовиш, во патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, бил пронајден починат 65-годишниот Р.К. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција во Клиничка болница Штип - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега