Мрачно сценарио: Во оваа земја ќе има 300.000 мртви од коронавирус

Канадскиот институт за јавно здравје објави извештај во кој се опишува најдобро и најлошото сценарио за епидемијата од коронавирус во таа земја.

Според најлошите проекции, бројот на починати би можел да достигне 300.000 лица.

Податоците објавени во четвртокот проценуваат дека ако нивото на заразени лица во Канада се движи меѓу 2,5 и 5 проценти во наредните месеци, тоа би можело да доведе до 22.000 смртни случаи.

Се напоменува дека ова се можни податоци доколку се следат сите тековни мерки на Институтот за јавно здравје.

Лошите мерки за борба против епидемијата, велат тие, резултираат со многу поголем број смртни случаи.

Во најлош случај, кој што воопшто не предвидува контрола, процентот би можел да достигне до 80 проценти т.е. над 300.000 починати Канаѓани од коронавирусот.

Бирото смета дека за ефикасна контрола на вирусот во наредните месеци ќе бидат потребни јавни мерки како што се физичка раздалеченост, тестирање на контактите и изолација, ограничувања на патувањата, хигиена на рацете и карантин за управување со можни бранови на вирусот.

Како што може да се заклучи во извештајот, „Канада е во раните фази на пандемијата ковид-19 од некои други земји, тие имаат можност да го спречат ширењето“.

– Моделите не се кристална топка – рече Тереза ​​Тем, главен службеник за јавно здравје во Канада.

Во моментов, вкупниот број на заболени со коронавирусот во Канада е 19.774, додека починале 461 лице.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега