Можно откажување на Евровизија

Коорганизаторот на овогодинешната Евровизија, која треба да се одржи од 12 до 14 мај во Холандија соопшти дека поради епидемијата на коронавирусот Се размислува на опција за начин на кој музичкото натпреварување ќе биде организирано.

Портпаролот на холандската телевизија НПО изјави дека организаторите ќе ги послушаат советите на медицинските власти кога ќе се одлучува за формата на настанот.

Здравствените власти објавија дека 86-годишен маж кој бил заразен со коронавирусот умрел во петокот во Ротердам, што е прва жртва на епидемијата која тргна од Кина и се прошири во 85 земји, вклучително и Македонија.

Не сакаа да откријат кои се алтернативите освен има неколку сценарија во игра. Тој популарен музички настан ќе привлече илјадници турсти во Ротердам и делегација од секоја од земјите кои ќе настапат на Евровизија.

Илјадници фанови веќе купија карти, резервираа летови и смештај, а како што пишуваат британските медиуми, едно од можните сценарија е изведувачите да настапат во својата земја, а се ќе се пренесува преку видео линк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега