„Можеш да ја имаш која сакаш, а ти си со неа“ - сите го осудуваат затоа што е во врска со дебела жена

Новото реално шоу „Hot & Heavy“ го покажува животот на дебелите жени кои се соочуваат со осуди од јавноста поради дебелината, но и поради браковите со мажи со 2нормална“ тежина. Реалното шоу, кое во Америка премиерно се прикажува, следи три пара - Џој и Крис, Кристин и Расти и Адријана и Ричард.

„Адријана е најзгодната жена која сум ја видел во животот“, рекол во најавната шпица нејзиниот сопруг Ричард кој вели дека тие двајца имаат само поинакви големини и дека не гледа никаков проблем во тоа.

Тој јасно дава до знаење дека е среќен што сопругата му има повеќе од 200 килограми, а таа сама признава дека не секогаш се чувствува добро поради својот изглед.

„Секогаш мислев дека не заслужувам љубов поради дебелината“, рекла таа, а сигурно не ѝ помогнало тоа што тие двајца како пар често се изложени на јавни осуди од познати и непознати луѓе.

„Јас не сум насилна личност но ако морам, со задоволство ќе сторам се за да ја заштитам“, кажал Ричард.

Крис и Џој не се во брак, но се во врска три години, а неговото семејство и пријателите неговиот избор никако не го одобруваат, што само ги потврдило стравовите на неговата партнерка.

„Мајка ми одамна ми кажа дека тешко ќе пронајдам љубов поради тоа што сум дебела“, вели Џој напоменувајчи дека од некоја причина токму „конвенционално привлечните жени“ нејзината врска со Крис најмногу ја осудуваат.

„Може да биде со која сака, но тој ја сака само неа“, вели братот на Крис, кој не е единствениот кој мисли така.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега