Можеби и вие сте прележале коронавирус: Симптоми кои се показател на тоа - еден особено „издава“

Губењето на сетилото за мирис или вкус со сигурност е еден од симптомите на коронавирусот.

Коронавирусот зема сè поголем замав во светот, а исто така мора да споменеме дека има многу асимптоматски случаи, па така има и луѓе кои што го прележале вирусот, а тоа не го знаат.

Овие симптоми може да го докажат тоа:

Течење на носот, болка во градите, затнат нос

Д-р Аткинсон тврди дека течењето на носот, болка во грлото и градите, затнат нос - би можеле да бидат благи симптоми на коронавирусот, меѓутоа многумина кои што ги имале овие симптоми едноставно ги препишале на настинка или пак некаква алергија.

Намалено или изгубено сетило за мирис и вкус

Губењето на сетилото за мирис или вкус секако дека е симптом на коронавирусот, а може да се појави заедно со течење на носот, болка во градите и грлото.

Намален апетит

Доколку имате или пак сте имале намален апетит, тоа може да биде поради коронавирусот. Д-р Аткинсон вели дека телото кое што е нападнато од Ковид-19 не може да прима многу храна во него.

Губење на здив

Симптомите како кашлица, болка во градите и губење на здивот не се невообичаени за коронавирусот. Меѓутоа, кашлицата не мора нужно да се појави.

Умор

Доколку сте прележале коронавирус, а да не сте го знаеле тоа, не е чудно да сте уморни и да немате енергија затоа што вашето тело е исцрпено од борбата со вирусот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега