Моторциклист со тешки повреди заврши на Клиника

Вчера во 14 часот и 25 минути на улица „Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода.

Имено сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Т.(29) од Скопје и мопед „Кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ф.(45) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2019 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега