Моторциклист се забил во паркирано возило во Велес, со возило на итната помош пренесен во Скопје

45-годишен велешанец со мотор се забил во паркирано возило, а поради тешките повреди во возило на итната медицинска помош бил пренесен во Скопје.

-Вчера околу 14.45 часот на ул.Којник во Велес се случила сообраќајна незгода во која моторцикл„кивеј“ без регистарски ознаки управуван од Т.К.(45) од Велес удрил во паркирано патничко моторно возило„опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Л.П.(55) од Велес. Со возило на итна медицинска помош моторциклистот бил пренесен  во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

 За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега