Моторциклист изгубил контрола и паднал- Маж пренесен во Градската болница со тешки телесни повреди

Вчера попладне моторциклист изгубил контрола и паднал на коловозот, по што ил пренесен во болница.

Имено во 15 часот и 45 минути на улица „Качанички пат“ во Скопје, С.М (47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега