Мотоциклист повреден во сообраќајка- неготинец завтшил во болница

Возач на мопед бил повреден синоќа во сообраќајна незгода во Неготино.

Како што потврдија за МИА од МВР, несреќата се случила во 21 часот на улицата „Партизанска“.

-Сообраќајна незгода се случила помеѓу мопед со странски регистарски ознаки, управуван од педесетгодишник од Неготино и патничко возило „опел вектра“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 54 годишен неготинец. Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата Болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициски станица Неготино, соопштија од МВР.

18.06.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега