Москва воведува „локдаун“- се затвораат рестораните, училиштата, градинките...

Москва на 28 октомври повторно ќе воведе затворање за да го спречи ширењето на коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин.

Одлуката е донесена откако рускиот претседател Владимир Путин ден претходно одобрил еднонеделна суспензија на работните места, од 30 октомври до 7 ноември, и им дозволил на регионалните лидери да воведат и други мерки за кои сметаат дека се неопходни.

Русија денеска објави 1.036 смртни случаи поврзани со коронавирус во последните 24 часа и 36.339 новозаразени, рекордни дневни податоци од почетокот на пандемијата.

Собјанин веќе најавил дека оние над 60 години кои не се вакцинирани, мора да останат дома четири месеци.

Сите продавници се затвораат на 28 октомври, освен за основни производи како што се супермаркетите и аптеките.Баровите и рестораните исто така ќе мора да се затворат и ќе можат да работат само за достава. Ќе се затворат и училиштата и градинките, рече градоначалникот.

Ќе можат да работат театрите и музеите, но за ограничен број посетители, кои ќе треба да носат маски и да имаат сертификат за Ковид.

Во поширокиот московски регион ќе важат пошироки ограничувања, изјавил гувернерот Андреј Воробиев.

 

21.10.2021 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега