Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта, доколку состанокот биде добро подготвен и се темели на договорите постигнати на нивната претходна средба во американската држава Алјаска, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Планираната нивна средба во Будимпешта минатиот месец беше откажана.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека контактите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе продолжат доколку има потреба.

