Москва: Маж со нож нападнал верници во црква

Еден маж утрово нападнал верници во црква во центарот на Москва утрово и повредил две лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

Полицијата по потера уапсила 26-годишен жител на регионот Липецк, а на осомничениот му е одреден притвор.

– Тој влегол во црквата на улицата Бакуњинска утрото на 16 февруари и ранил две лица со нож. Повредените се хоспитализирани и укажана им е лекарска помош, информира Ирина Волк.

Полицијата ги испитува причините и околностите на нападот што се случил во црквата „Свети Никола“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега