Москва ќе одговори на санкциите на Европската унија

Москва наскоро ќе одговори на санкциите на Европската унија, објави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.

Тој додаде дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати и дека Русија ќе преземе реципрочни мерки.

„Можам да кажам дека тоа ќе се случи“, рече Чижов во интервју за ТВ Русија-24, пренесе агенцијата ТАСС.

Европската унија денес воведе нови санкции во рамките на новиот глобален режим за кршење на човековите права против четворица руски функционери поради апсењето на Алексеј Навални.

Макфкас

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа