Москва и Киев разменија по 50 воени заробеници

Русија и Украина ја спроведоа најновата од серијата размени на воени заробеници, при што двете страни предадоа по 50 лица, соопштија властите во Киев и Москва.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ослободила 50 руски војници, кои биле заробени, пренесува „Ројтерс“.

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на украинскиот претседател, објави дека Украина примила 48 војници и двајца офицери.

„Успеавме да вратиме 19 бранители на Мариупол, како и 15 затвореници од нуклеарната централа во Чернобил и седуммина од Змискиот Остров“, рече Јермак.

Киев и Москва досега размениле над 1.000 воени заробеници од почетокот на конфликтот во февруари.

Украина ослободи 50 руски војници, соопшти руското Министерство за одбрана по размената на заробеници меѓу двете страни.

24.11.2022 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега