Москва ги депортира странците: Ги прекршиле мерките за карантин

Москва ќе депортира 88 странски државјани поради наводно кршење на мерките за карантин кои им се воведени од предострожност поради коронавирусот.

Тоа ги изјави градоначалничката на рускиот главен град, Анастасија Ракова. Русија стави во карантин повеќе стотина луѓе за да спречи ширење епидемија на коронавирусот и спроведе рација за да провери дали ги почитуваат мерките.

-За време на проверките на оние кои требаше да бидат во карантин утврдено е дека 88 лица ги прекршиле условите за изолација. Тоа се странски државјани кои ќе бидат депортирани, истакна Ракова.

Таа не кажа од каде се странците, како ќе бидат депортирани, ниту под кои мерки на изолација биле ставени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега