Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 21:30 часот во с.Ораовица, радовишко, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В.(46) од с.Ораовица, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. од истото село.
Во незгодата, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Запознаен е јавен обвинител и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
- Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем
- Вашингтон под критики: Помошта за Куба е залудна додека трае нафтената блокада
- ВМРО-ДПМНЕ вечер избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата
- Успешната спортска приказна на Aдмирал и боксерот Рустемовски продолжува
- Владата одзела 14 лиценци на фирми за марихуана – канабис одгледуваат 43 компании
- Вјоса Османи со силна поддршка: „Трамп заслужува Нобелова награда за мир“
- (ВИДЕО) „Згрешив, нема да се повтори“: Ново извинување по бруталните закани до полицајците

