Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 21:30 часот во с.Ораовица, радовишко, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В.(46) од с.Ораовица, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. од истото село.
Во незгодата, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Запознаен е јавен обвинител и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Поскапеa угостителските услуги: Годината ја стартуваа со повисоки цени
- СДСМ: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите
- (ВИДЕО) Од ОХИС изнесоа 9 тони марихуана – службите истражуваа повеќе од шест часа
- Комунална Хигиена: Собравме 13.000 тони отпад
- Намалена видливост и до 150 метри – возете внимателно
- Не излегувајте без чадор: Ќе врне дожд
- Дневен хороскоп за 6 февруари 2026: Рибите ја отвораат имагинацијата, сите знаци учат да забават
- Хороскопски знаци кои смируваат со нивното присуство

