Морничави детали за убиствата во Србија: Членови на групата на Веља Невоља со киселина ги топеле телата

Обвинителството за специјален криминал во Србија започна истрага против Вељко Беливук (38), познат како Веља Невољ ,водачот на навивачката група „Принципи“ близок на црногорскиот „клан Кавац“ и против 21 негов соработник.

Во наредбата за спроведување на истрагата се наведува дека оваа група ги намамила жртвите, ги однела во куќа специјално наменета за убиства, а за отстранување на трагите биле користени „хемиски средства“.

Просториите на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан наводно биле користени за складирање оружје и дрога. Во наредбата за покренување истражна постапка се наведува дека групата Беливук е осомничена за убиствата на поранешниот шеф на „Пинк Пантер“, Милан Лепоја, навивачите на Горан Велишковиќ Гоксије и Здравко Радојевиќ.

Обвинителството тврди дека биле сторени на сличен начин. Членовите на групата Беливук ги намамиле жртвите, ги киднапирале и ги одвеле до куќа во Ритопек, куќа во сопственост на Владо Драганиќ. Оваа куќа е добро обезбедена, има најсовремен видео надзор и опкружена со висока ограда.

Беливук и Миjковиќ направиле план за извршување злосторства под маската на навивачката група „Принципи“ со цел да се здобијат не само со имот, туку и примат во криминалното опкружување - заплашување на ривалските криминални групи, преземање на пазарот на дрога, убиства на членови други криминални групи, се наведува во истрагата. Групата учествувала во киднапирања, убиства, продажба на дрога и перење пари, а тие ги користеле просториите на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан, каде што криеле оружје, но и дрога.

Една од жртвите на Беливук е Милан Лепоја, меѓународен крадец, кој учествуваше во грабеж на златара во Дубаи пред неколку години. Групата на Беливук го ликвидирала затоа што тој наводно планирал да убие еден од нејзините членови, Марко Андриќ. Наведено е дека на почетокот на ноември минатата година го намамиле да дојде од Ниш, каде што живеел, а во Белград, на паркингот кај „Ласте“, на автопатот кон Ниш, осомничениот Дејан Тешиќ го чекал со автомобил „Пасат“ и го одвел до куќата во Ритопек, која групата ја користела за криминални активности - тврди обвинителството.

Тие таму го убиле, а потоа се обиделе да ги уништат трагите со запалување на неговата облека и со хемиски средства за чистење на просториите и ослободување од трупот, стои во барањето за истрага. Групата на Беливук стои и зад убиството на Горан Велишковиќ Гокси, навивач на Партизан, кој исчезна во август минатата година.

Обвинителството тврди дека и Велишковиќ бил ликвидиран поради одмазда. Три месеци подоцна, групата, осомничени од обвинителството, го убиле и Здравко Радојевиќ. На покана од Немања Лакичевиќ, осомничен соработник на Беливук, Радојевиќ дошол на паркингот кај „Ласта“. Причината, како што пишува во документот, беше решавање на проблемот што го имале со навивачите на Партизан. Непознато лице го чекало Радојевиќ, тој се качил во автомоилот  „Рено Меган“ и тргнале кон споменатата куќа во Ритопек, каде што тогаш бил убиен Радојевиќ.

Како што се наведува, по убиството, тие му кажале на Лакичевиќ каде се наоѓа автомобилот и да им го одземе. Сепак, Лакичевиќ ја негирал вината. Групата чувала оружје на повеќе локации во Белград: две ловни пушки, два пиштоли „ЦЗ 99“ и една „Глок 19“. Полицијата на стадионот пронашла пушка со придушувач и пиштол со отстранет сериски број, кои обично се користат за убиства. Обвинителот исто така тврди дека во овие простории на фудбалскиот клуб се чувала дрога, која членовите на групата продолжиле да ги продаваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега