Морничава смрт во Австрија: Професор паднал во снег длабок 5 метри и се угушил пред очите на учениците

Еден од осумте жртви на снежната апокалипса во Австрија е и 62-годишниот наставник Вилибалд С. кој работел во гимназијата во Долна Австрија.

Тој со група од 9 ученици бил на скијање и во еден момент ја изгубил скијата и од стазата излетал во провалија длабока 5 метри, директно на глава.

Учениците се обиделе да му помогнат, но не успеале, бидејќи било премногу ризично и невозможно да се извлече од снегот во кој бил заглавен.

Беспомошните ученици гледале како професорот им умира пред очите. Спасувачите кои стигнале на лице место рекле дека никогаш досега немале ваква смрт.

Еден од спасувачите рекол дека професорот немал шанси да се спаси од снегот.

Во Австрија снегот и понатаму прави проблеми, многу домачќинства се без електрична енергија, а затворени се над 150 патишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега