Морина си замина од Македонија

Неколку часа, откако Врховниот суд го потврди решението на Кривичниот суд дека нема услови екс командантот на ОВК да биде екстрадиран во Србија, неговиот адвокат, Насер Рауфи за Канал 5 вели дека тој е на пат кон Косово.

Тој открива дека Кривичниот суд му го укинал притворот и му го одзел британскиот пасош, како мерка на претпазливост, но не и косовскиот пасош, со оглед дека Морина има двојно државјанство, пренесе Канал5.

Решението на Судот предизвика незадоволство во Србија, па српската министерка за правда рече дека со оваа одлука се покажало дека во Македонија политиката е над правото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега