„Морав да се одмаздам“ - Слободан со палка ја уби сопругата и ја откри причината зошто го направил тоа

„Да, ја убив и не се каам поради тоа. Многу причина има зошто го сторив тоа - никогаш не беше дома, не водеше сметка за децата, се правев јас...Да нејзиниот татко не го пикаше носот сегде немаше да дојде до ова. Морав да му се одмаздам, а кога ќе гледа вести, ќе знае зошто“. Ова се монструозните зборови на 37-годишниот Слободан Миљуша кој преку видео линк разговарал со новинарка од каналот FOX5, објаснувајќи што го довело до тоа да ја претепа својата сопруга Ѕвездана Бенкундо смрт со безбол палка, после што таа починала. На првото прашање на новинарката дали ја убил својата сопруга, Слободан одговорил потврдно, не покажувајќи ни грам жалење поради ѕверството кое го сторил.

-Лажеше за многу работи. Лажеше дека не ме изневерила, никогаш не водеше сметка за децата, постојано беше надвор од дома, постојано работеше, работеше, работеше...Јас се занимавав со обврските дома, миев садови, готвев - рекол Слободан рамнодушно.

Во еден момент покажал емоција кога новинарката му поставила прашање за нивните синови. Запрашан дали е загрижен за својот 13-годишен син кој го затекнал непосредно после убиството како лежи покрај неговата мајка во локва крв, на Слободан почнале да му течат солзи.

-Загрижен сум многу за него. Би сакал да не видеше ништо од тоа, но виде. Ништо од ова не би се случило ако нејзиниот татко не го пикаше носот каде што не треба. Сега децата ќе растат без татко - рекол Слободан.

Репортерката го прашала дали ова убиство било одмазда за семејството на Ѕвездана, а тој рекол: „Не на семејството, туку на нејзиниот татко“, не сакајќи да зборува за деталите од конфликтот кој со имал со таткото на Ѕвездана и додавајќи дека тој ќе знае за каква одмазда станува збор.

Да потсетиме, страшното убиство се случи во Лас Вегас. 37-годишниот Слободан Миљуш крвнички ја претепа својата сопруга Ѕвездана Бенкун, а таа им подлегна на повредите во болница. За трагедијата да биде уште поголема, сведок на убиството бил нивниот 13-годишен син кој веднаш пријавил во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега