„Монтираните“ судски случаи во Собрание – државата ќе им се извини на лицата кои претрпеле штети

Од идната недела во Собранието започнува дебата по иницијативата за предмети за кои се тврди дека се монтирани судски случаи. Ова деновиве го најави пратеничката од редовите на НСДП Соња Мираковска која рече дека отворањето на ваквата иницијатива има особено значење а на оние кои претрпиле штети со монтирани процеси државата на некој начин да им се извини. Таа за ТВ21 потенцира дека со ова мора еднаш да се расчисти и затоа ќе биде отворена една широка дебата во која ќе бидат опфатени сите случаи во изминатите 30 години. Со ова се согласува и премиерот Зоран Заев кој рече дека правда мора да има за сите и затоа ваквите монтирани процеси мора повторно да се отворат.

„Нашето законодавство дава, само со еден нов аргумент, право да се реповтори судски процес заради било какви политички импликации заради политички причини заради неправда нанесена или слично. Парламентот треба да дискутира за сите вакви можности, секој треба на крајот да ја дочека правдата“, изјави Зоран Заев – премиер на РСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега