Британската јавна телевизија Би-Би-Си се соочи со морален и правен удар без преседан по емитувањето на лажно монтиран говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Спорниот клип, прикажан само една недела пред претседателските избори во САД, бил монтиран така што оставил впечаток дека Трамп повикува на насилни акции.

Веднаш по скандалот, претседателот на Би-Би-Си, Самир Шах, призна дека монтажата оставила „впечаток на повик за насилство“ и јавно се извини. Како резултат на бурните реакции, генералниот директор Тим Дејви и уредничката на вестите Дебора Тернес поднесоа оставки.

Адвокатот на Трамп официјално достави писмо со закана за тужба од 1 милијарда долари, при што Трамп бара три работи: јавно извинување, целосно повлекување на документарецот и финансиска отштета.

Правниот дописник Џошуа Розенберг за медиумите изјави дека со оглед на сериозноста на прекршокот, спогодба е најверојатниот исход за Би-Би-Си, кој се наоѓа во исклучително тешка позиција.

Exit mobile version