Монструмот кој уби девојче со солна киселина во Србија испрати писмо до нејзините родители: „Ја сонувам Драгана“

Седумдесетгодишниот Чедомир Ѓуриќ од Салаѓ кај Зајечар, кој е осуден на 40 години зџатворска казна поради бруталното убиство на 18-годишната Драгана Чириќ, напиша морничаво писмо до нејзиниот очув и мајка, со кое докажал дека не се кае за своето дело, туку провоцира и ги вознемирува.

Тој напишал дека често ја сонува покојната Драгана, дека за нејзината смрт се виновни нејзините родители и дека ќе ја оживее, и ќе сними филм за неа кога ќе излезе од затвор.

Ова го открил очувот на убиената девојка и додал дека е недопустливо убиецот на нивното дете да испраќа било какви писма, а особено не до оние на кои повторно ќе им стави сол на раната која никогаќ нема да зарасне.

-Не можам да го опишам шокот кој го доживеавме кога ни стигна писмото. Монструмот не напишал дека се кае што брутално го уби нашето дете, туку пишува гадости. Ни пишува дека ја сонува насмеана...Дека има дете со него и дека бере јаболки. Не признава дека ја убиел, туку вели дека сама се отрула поради мајка ѝ. Што мислите како ни е нам. Од друга страна тој пишува писма како да отишол во војска, а не во затвор. Постар човек сум и знам како беше пред 4-5 децении, осуденик за помали дела беше излориан од светот - вели огорчениот Чириќ за „Србија денес“.

Морничавото убиство се случило во декември 2014 година, кога Ѓуриќ во својот автомобил брутално ја претепа несреќната девојка. Ја давел, ѝ истурил солна киселина во уста, а потоа нејзиното тело го фрлил во атарот на селото Глоговац. Два дена по пријавата за нејзиното исчезнување Ѓуриќ е уапсен, а на сослучувањето признал дека ја убил девојката, бидејќи бил патолошки заљубен во неа, како и дека го обземала љубомора, бидејќи не можел да се помири со тоа дека има момче. После една година е осуден на 40 години затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега