Монструм од Австрија ја силувал својата ќерка над 1000 пати и со неа добил 7 деца - откриено како ги минува деновите во затвор

Пред десет години Јозеф Фрицл е осуден на доживотен затвор. Вистинитата приказна за Австриецот, кој безброј пати ја силувал родената ќерка, со која зачнал 7 деца, ја шокираше и вознемири јавноста. „Чудовиштетот од Амштен“, како медиумите го нарекуваат, денес има 84 години, а казната ја служи во затворот во Штајн.

на 19. март  2009 година прогласен е за виновен по сите точки на обвинението - за убиство предизвикано од невнимание, држење во ропство, лишување од слобода, силување илјада пати, принуда и родосквернавење.

Едно од седумте деца, кои ги родила неговата ќерка од него, умрело веднаш по раѓањето, а според информациите на полицијата, Фрицл мртвиот близнак го запалил во печка. Во затворот пред 2 години го променил името во Фриц Мајерхоф за останатите затвореници да не го препознаат.

Новинарите од австрискиот информативен портал „ое24“ разговарале со еден од затворениците, кој вели дека Фрицл сите во затворот го избегнуваат. Тој наводно целосно се повлекол во себе, скоро и не излегува од ќелија. Веќе извесно време во затворот кружи информација дека Фрицл полека пропаѓа, дека е се подементен, пренесува „ое24“.

на 26. април 2008 година Фрицл е уапсен во близина на болницата во која неговата ќерка се борела за живот. Девојката смртно се разболела во местото во кое ја чувал, па морал да ја однесе во болница, каде рекол дека му е внука.

Лекарите се посомневале и повикале полиција, која во домот на Фрицл затекнала засолниште во кое ги држел ќерката и другите деца. Она што им го раскажала ќерката никогаш нема да го заборават.

28. август 1984 година Фрицл, тогаш 18-годишната ќерка ја намамил во подрум каде кришум ископал 60 квадратни метри обезбедени со дури 8 врати од 500 килограми. Ја намамил да влезе и ја заклучил. Во наредните 24 часа не видела светло, а потоа подрумот се претворил во пекол - таткото секој час доаѓал да ја силува.

Нејзините крици никој не можел да ги чуе, бидејќи Фрицл направил непропуштачка звучна изолација. На сопругата и соседите им рекол дека ќерката отишла во секта, а потоа го пријавил нејзиното исчезнување. Ќерката и децата имаат нов идентитет и местото на нивниот престој сега веќе не е познат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега