Министерството за образование и наука (МОН) објави дека вкупно 18 основни и седум средни училишта во државата добиле грантови за спроведување на програми за заштита на учениците. Средствата се наменети за активности против насилство, злоупотреба на пороци и малолетничка делинквенција за учебната 2025/2026 година.

На веб-страницата на МОН се веќе достапни резултатите од јавните повици преку кои се доделуваат средства за спречување дискриминација, заштита од игри на среќа и превенција од употреба на алкохол и дрога кај младите.

Грантовите во основното образование се распределени во општините: Аеродром, Гази Баба, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Карпош, Кисела Вода, Крива Паланка, Куманово, Липково, Македонски Брод, Могила, Тетово, Центар и Штип. Меѓу добитниците е и училиштето за ученици со посебни потреби „Иднина“ од Скопје.

Во средното образование, поддршка од МОН добија седум јавни средни училишта од градовите Радовиш, Куманово, Штип, Битола, Берово, Неготино и Дебар.

Exit mobile version