Момче почина вчера на Халкидики, таткото се онесвестил кога дознал што се случило

 

Денеска треба да бидат познати резултатите од обдукцијата на момчето (15) кое почина на Халкидики откако беше извлечено од водата во бессознание.

Трагедијата се случила на плажата Неа Фогитос, а постои сомневање дека малолетникот се удавил.

Роднините и пријателите на семејството на несреќното момче не можат да поверуваат дека го нема. Таткото на тинејџерот изгубил свест кога ја добил веста за смртта на неговиот син, и итно бил префрлен во болница.

Според сведоците, момчето не пливало далеку од брегот, а неговите пријатели тогаш забележале дека лицето му е во вода. Отпрвин мислеле дека нивниот пријател се шегува, но набрзо сфатиле дека изгубил свест и почнале да викаат помош.

-Децата беа во морето и почнаа да викаат помош. Лицето на момчето беше закопано во водата и само така лебдеше. Го извлековме до брегот, но детето беше во несвест и пена му доаѓаше до устата – изјавил еден од капачите, кој се обидел да го реанимира детето.

Друг човек кој случајно се нашол на плажа рекол дека пријателите на момчето му рекле дека само изгубил свест, дека пред тоа не се случило ништо чудно.

Момчињата малку претходно пристигнаа на плажа и нарачаа кафе и сокови во кафулето, но не ги ни пробаа.

Грчките медиуми пишуваат дека момчето било од Липочори, а кобниот ден со другарите отпатувало на Халкидики, за сите уште еднаш да се опуштат пред почетокот на учебната година.

На Халкидики пристигнале со туристички автобус и дошле во кафуле на плажата Неос Флогитос.

Беше околу 12 часот кога нивниот прекрасен ден се претвори во кошмар. Пријателите, наводно, забележале дека на момчето му се слошило во водата, на некои четири метри од плажата и дека не се јавило кога го повикале. Најпрво мислеле дека нивниот пријател се шегува, но набрзо сфатиле дека момчето е во несвест.

Момчето веќе било мртво кога го извлекле на брегот. И покрај обидите на капачите да го реанимираат, малиот немало спас. Брза помош го пренела момчето во болница, каде била констатирана смрт,пренесе Телеграф.рс.

29.08.2022 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега