Момче од Србија пронајдено мртво- по 79 дена потрага телото пронајдено во канал во близина на неговата куќа

Момче од Младеновец мистериозно исчезнало на 4 јули, а потрагата по него е завршена вчера, откако во ендек на влезот од местото е најдено неговото мртво тело.

Телото на Мирослав Армацки е пронајдено во саботата на 500 метри од влезот на Меленица во канал крај патот. Покрај патот се наоѓал и моторот кој го возел .

После 79 дена потрага, неговото тело е пронајдено во канал, па испратено е на обдукција каде треба да покаже од што починал.

Засега не се исклучува можноста да слетал во канал возејќи мотот или пак да се судрил со друго возило, велат од полиција.

Мистерија е како досега никој не го видел телото на момчето, со оглед на тоа дека тука често поминуваат луѓе. Иако делува дека загинал во сообраќајка никој не сака да се изјасни дека е така се додека не заврши истрагата. Можно е и само некој да го фрлил тука- рекол извор кој е вклучен во истрагата.

Бабата на настраданото момче рекла дека не знае што се случило.

- Знаеме дека го нале телото и дека го пратиле на обдукција и тоа е се. Телото било близу нашата куќа- рекла таа.

Во потрага која траела скоро три месеци, учествувале дронови, авиони како и десетина доброволци и семејството.

Поради тоа е чудно што никој не го забележал телото- рекол извор вкучен во истрагата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега