Моќно торнадо ја опустоши Минесота: Ветерот дувал и до 266 километри на час- има жртви
Бурата во западните делови на Минесота создала најмалку едно моќно торнадо кое убило еден маж.
Повредени биле уште две лица, а бројни фарми биле уништени.
Загинал 30-годишен маж во близина на Далтон, кога торнадото ја уништило гаражата во која работел.
Торнадото погодило три фарми, а според оценката на експертите од Метеоролошката служба, торнадото било од трета категорија со удари на ветер од 219 до 266 километри на час.
09.07.2020 - 20:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа