„Мојот син го оставија како куче“: Последни зборови на таткото на Емилијано Сала

Поранешниот фудбалер на Нант и несудено најскапото појачување на Кардиф во историјата, Аргентинецот Емилијано Сала доби почесно место на церемонијата за прогласување на најдобрите фудбалери во Франција и идеален тим на Фрација.

Нему му посветија видео од три минути во кое неговите некогашни соиграчи зборуваат за неговите квалитети.

Неговото семејство после четири месеци од несреќата се прашува како воопшто Емилијано полетал со таков мал авион и зошто со него управувал човек којможеби не бил дораснат за тој лет.

-Се надевав дека ќе го најдат жив, но кога ни кажаа дека авионот е пронајден во море тогаш тоа стана невоозможно.Зошто им било тешко да најдат некое побезбедно решение? Зошто не можеа? Го сотавија син ми сам како куче, напуштен- рекол таткото на Емилијано за ббс, па неколку дена подоцна починал.

- Многу работи ми се нелогични... бил авион со еден мотор, кој требало да лета преку голема водена површина, во јануарска ноќ и во услови кога се влегува во облаци и ледени фронови. Една од најтешките одлуки за пилотите е да не полета, но сепак тоа било одлука која Иботсон морал да ја донесе- вели Алберт Розенхајт кој има летачко искуство од над 15.000 часа искуство.

Тој нагласил дека според него, повеќето пилоти не би прифатиле таков предизвик и да полетаат со таков авион во тие услови.

Објаснил и дека неискусен пилот многу лесно би можел да се дезориентира при голема брзина.

-Најблиска аналогија е како кога имате огромна ширинка пред вас и одлучите да одите по неа со затворени очи.После два или три чекори станувате дезориентирани, а после 10 или 15 чекори не знаете ни даи одите во истиот правец во кој сте тргнале- вели Розенхајм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега