„Мојата ќерка е лавица“ - Моника која беше киднапирана од Малчанскиот бербер, пуштено на домашно лекување

Дванаесетгодишната Моника К. од околината на Ниш, девојчето кое во заробеништво 10 дена ја чуваше Нинослав Јовановиќ познат како Малчански бербер, пуштена е денеска од Детската клиника во нишкиот Клинички Центар на домашно лекување.

Таа во Клиниката престојувала 19 дена.

-Сите го чекавме овој ден кога нашето дете ќе дојде дома, кога цела оваа гонија ќе престане - рекла мајката Александра за излегувањето на Моника од болница.

Да потсетиме, на па до училиште Моника беше киднапирана и 10 дена држена во заробеништво од Нинослав, кој со неа се криеше по напуштени куќи во књажевачкиот и нишкиот крај.

Таткото на Моника, Роберт, вели дека е пресреќен што ќерка му конечно стигнала дома и дека сега претстои долг период на борба, но дека тој, нејзината мајка, баба ѝ и дедо ѝ ќе бидат покрај неа. Тој рекол дека неговата ќерка е лавица, дека покажала колку е психички силна. Додал дека му е мило што агонијата конечно е готова, се заблагодарил на сите кои учествувале во потрагата, но пред се на Емил Живиќ кој ја нашол и поради кој неговото дете е живо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега