„Мој ДДВ" веќе стана достапна и за Ајфон

Апликацијата МојДДВ преку која граѓаните ќе можат да ги скенираат фискалните сметки е достапна и подготвена за користење. Апликацијата е едноставна за користење, а од секој смарт телефон граѓаните може да ја преземат преку веб страницата на Управата за јавни приходи (УЈП).

На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП ќе им овозможи на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.

Со оглед на тоа дека деновиве само корисниците на ИОС можеа да ја користат, сега се реши проблемот и за Ајфоните.

Преземете ја ТУКА апликацијата.

Фискалните сметки со износ од 30.000 денари, како и невалидните фискални сметки, односно компјутерските сметки апликацијата МојДДВ нема да ги прифати, ниту преку скенирањето од мобилен телефон, киоск апарати или баркод читачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега