„Модерна“ очекува околу 20 милијарди долари приход од вакцината против Ковид

Американската фармацевтска компанија Модерна денеска соопшти дека годинава очекува 19,2 милијарди долари приход од вакцината против коронавирусот.

Компанијата првото тромесечје го заврши со добивка, за првпат откако е основана. Во првото тромесечје, вакцината на Модерна и донела приход од 1,7 милијарди долари. Вкупниот приход изнесувал 1,9 милијарди долари, во споредба со осум милиони долари во истиот период лани.

Во февруари Модерна најави дека приходот од продажбата на вакцината годинава ќе изнесува 18,4 милијарди долари.

Претставници на компанијата информираа дека годинава треба да се испорачаат 800 милиони до милијарда дози од вакцината, а во 2022 година уште три милијарди.

 

До крајот на месецот планираат да побараат целосно одобрување во матичната земја – САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега