МНТ и Театар Комедија ги одложија претставите до 6-ти март

Македонскиот народен театар и Театарот Комедија во согласност со препораките на Владата за неодржување на јавни настани до 6-ти март ги одложија закажаните претстави во овој период. Македонската опера и балет и Драмскиот театар засега не го одложуваат својот репертоар.

Во соопштенијата од МНТ и Театарот Комедија се наведува дека претставите се одложуваат во согласност со препораката на Владата на Република Македонија за неодржување јавни настани до 6. март како превентивна мерка поради корона вирусот.

28.02.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа