МНР: Утринава од Словенија вратени 42 македонски граѓани и уште 27 се очекуваат од Истанбул

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја,  со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата, соопштуваат од таму.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Од Министерството за надворешни работи упатија благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега