МНР: Уште 7 македонски граѓани репатрирани од Перу на европско тло, во соработка со МНР на Португалија

Уште седум македонски граѓани се успешно репатрирани од перуанскиот главен град Лима на европско тло со поддршка од португалското МНР. соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде седуммината наши граѓани го продолжија враќањето кон земјата.

– Од сите досега пријавени за репатријација од Перу, остана уште еден случај на кој континуирано работиме, со оглед на отежнатите внатрешни околности во земјата, заради мерките од пандемијата. Со претходните четири веќе пристигнати граѓани од Перу во земјата и овие седум, во моментот кога ќе се најде решение и за студентот во Куско, сите пријави за репатријација од Перу ќе бидат реализирани, благодарение на Европскиот механизам за цивилна заштита, наведуваат од МНР.

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија досега се репатрирани вкупно 29 македонски граѓани од Латинска Америка и од Карибите и тоа 11 од Перу, по четири од Бразил, Аргентина и од Куба, тројца од Колумбија, двајца од Уругвај и еден од Барбадос.

Од МНР потсетуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија е адресата за пријавување на затекнатите граѓани од Латинска Америка и од Карибите.

Министерството за надворешни работи, воедно, уште еднаш изразува голема благодарност до МНР на Португалија за солидарноста и соработката. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега