МНР: Нема Македонци заболени од коронавурус во Италија

Министерството за надворешни работи согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција - Италија, информира дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот.

„Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, информираат од министерството. 

Оттаму препорачуваат да се зголемат мерките на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период. Повеќе информации можете да добиете на travel.mfa.gov.mk.  

Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23,000 државјани на Република Македонија. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил venice@mfa.gov.mk

За дополнителни информации ќе бидете навремено информирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега