МНР го осуди говорот на омраза на мечот меѓу Македонија и Бугарија

Министерството за надворешни работи (МНР) го осуди вчерашниот израз на говор на омраза забележан на мечот меѓу Македонија и Бугарија во рамки на Лигата на нации.

 

МНР преку соопштение порача дека и во иднина заедно со Бугарија ќе работат на унапредување на меѓусебните односи.

„Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, порачаа од МНР.

27.09.2022 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега