Многу тепачки синоќа во Скопје

Многу тепачки синоќа во Скопје и Македонија.

40 минути пио полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 23.30 до 00.10 часот 15-годишно момче било нападнато додека шетало покрај Вардар од група насилници.

Исто така, синоќа во полиција било пријавено дека  во угостителски објект на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, 37-годишниот А.Г. од Скопје бил физички нападнат од В.Н. и три непознати лица. 

Во 4.50 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.С. од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од И.Ц.(30) од селото Тромеѓа, кумановско- обезбедување во дискотеката.

Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „Ауди“, до кое тие застанале. Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето.

Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2019 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега