Многу подобра од онаа на Трамп, а дизајнирана е да издржи и мал нуклеарен напад: Откриени нови детали за лимузината на Путин (ВИДЕО)

Лимузината во која се вози Владимир Путин веќе е добро позната на целиот свет.

Се работи за "aurus senat" кој е специјално конструиран за претседателско возење.

Се тврди дека Русите инвестирале повеќе од 400 милиони долари во целиот проект, па дури и американските новинари посочиле дека е далеку побезбедна од таа на Трамп!

Сепак, малку е познато за безбедноста на оваа лимузина. Степенот на блендираност е тајна исто како и многу други карактеристики на возилото. Се тврди дека може да издржи не само ракетни напади, туку и мал нуклеарен удар. Опремата има резерви на кислород и којзнае што друго. Исто така, постои цивилна верзија која чини од 250.000 американски долари па нагоре.

Постојат две верзии. Основата има ознака S600, меѓуоскино растојание од 3.300 мм и должина од 5.630 мм. Варијантата L700 е долга 6.620 мм, исто како и претседателскиот седан. Под хаубата се наоѓа 4,4-литарски би-турбо мотор со 8 цилиндри, кој беше специјално развиен за него од „Порше“, со околу 530 КС и вртежен момент од 880 Nm. Автомобилот има хибриден погон, што значи дека има и електричен мотор, а со помош на 9-степен автоматски менувач развиен од руската компанија Solers (UAZ), тој ја пренесува моќта на сите тркала. Таа достигнува „стотина“ за помалку од 6 секунди и достигнува максимум, се разбира, електронски ограничена 250 км на час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега