ММА: Бектеши да се извини под итно, ваквото негово однесување е притисок врз новинарите

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, силно и енергично реагира на повторните политички етикетирања на две наши членки, овојпат на Канал 5 и Телма, реагираат од ММА преку писмен пат.

„Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и Тв Телма денеска на прес конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на  поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно, и при тоа споритвно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ.

Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши  е притисок , новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета  кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста.

Укажуваме дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и  да се обезбеди слободата на говор и изразување“, стои во реакцијата на ММА.

Оттаму потсетуваат дека Согласно Законот за граѓанска одговорност  навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица, вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот Министерот Бектеши.

„ММА очекува извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото“, потенцираат оттаму.

02.02.2023 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега