На 12.11.2025 околу 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дарданиа“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(22) село Пршовце, тетовско, удрило во 56-годишната И.Џ. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Џ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Exit mobile version