Младо момче прегазено во тетовско
Дваесет и седумгодишен жител на тетовско Горно Седларце е повреден вчера околу 18 часот откако во него удрило возило „пежо 106“ управувано од жител на Теново. Незгодата се случила на главниот пат во Горно Седларце.
-Околу 17 часот и 40 минути патничко моторно возило „пежо 106“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од тетовско Теново, удрило во 27-годишниот С.И.(пешак) од ова село. Повредениот пешак е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
13.01.2021 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа