Младо момче прегазено во Гостивар, со тешки повреди итно пренесено на скопските клиники

 
 
Утринава околу 10 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ во Гостивар, удрил во пешак.
Имено, патничко моторно возило „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 38- годишниот Б.И од Долна Бањица, гостиварско удрило во 17 годишен пешак од Гостивар, се вели во соопштението од полиција.
Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ''Мајка Тереза" Скопје.

 

 

 

 

13.03.2018 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа