СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа марихуана, која тој претходно се обидел да ја уништи и да оневозможи докажување на кривичното дело.


