Младо момче извршило серија кражби низ Скопје- обвинителството побара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило шест тешки кражби во Скопје и тоа: пет кривични дела согласно член 236 став 1 точка 1 (со кршење или провалување) и едно кривично дело согласно член 236 став 1 точка 3 (на дрзок начин) од Кривичниот законик.

Осомничениот  20-годишник делата ги извршил во периодот од 29.11.2019 до 06.02.2020 година. Притоа, провалувајќи во четири куќи и во еден маркет во Шуто Оризари одзел вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, цигари и алати. Еден мобилен телефон вреден 45.000 денари одзел и при џепна кражба, исто така во Шуто Оризари.

Со оглед на тоа што постојат околности дека осомничениот би можел да се крие или да се даде во бегство, а притоа се работи за лице кое и претходно е осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега