Млади охриѓани се борат за живот - тешка сообраќајка на петот Охрид-Кичево

На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од Охрид, излетало од патот.

Притоа, возачот и сопатникот Е.Л.(19) од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

07.09.2023 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега