Млада скопјанка нападната од својот братучед

Дваесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од страна на нејзиниот братучед.

Причината за нападот, како што велат од МВР, се  нарушени семејни односи.

„На 22.05.2022 во 23.00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улица „Рифат Бурџевиќ“ била физички нападната од својот братучед А.Г. од Скопје поради нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

23.05.2022 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега